Во денешниот стилски двобој се два супер модела - Адриана Лима и Лија Кебеде. И двете носат смарагдно зелен фустан од кадифе, со потпис на Хајдер Акерман од есенската колекција за 2016 година.

Адриана се појави во оваа креација на хуманитарната забава на фондацијата на Мадона, која ја искомбинира со златен ѓердан и сандали ос Џузепе Заноти.

 

Од друга страна, Лија го избра фустанот за црвениот килим на 69-тото издание на Канскиот филмски фестивал, на премериата на филмот „The Unknow Girl“. Таа одлучи накитот да го сведе на минимум, со дискретни обетки и прстени, а изгледот го комплетираше со црни сандали со ременчиња.

Чие издание повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
28 декември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
723 пати