Џенифер Лопез не престанува да предизвикува внимание со својата појава и модни комбинации. Целата светска јавност се воодушевуваше на фустанот од „Ели Сааб“, кој беспрекорно ѝ прилега, ние одлучивме уште еднаш да потврдиме дека е вистинска модна икона.

Имено, минатата недела, популарните магазини гласно зборуваа за споредбата помеѓу Џеј Ло и 19-годишната актерка Ариел Винтер. И двете се појавија во ист фустан на брендот Aviana Jewelled Midi Dress - Silver, чија цена изнесува 100 евра, слично стилизиран. Лопез го носеше во емисијата на Џејмс Корден, додека Винтер во шоуто на Џими Кимел.

Најчестите коментари беа дека 47-годишната актерка и пејачка изгледа далеку попривлечно од тинејџерката Винтер.

Сепак, ние оставаме вие да пресудите на која подобро ѝ стои фустанот:

Објавено:
17 мај 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.049 пати