И покрај тоа што ангажираат стилисти кои треба да се погрижат да не се случуваат модни копии, сепак понекогаш познатите носат веќе видена креација.

Така, неодамна Бијонсе на една свеченост се појави во жолт светкав фустан од Јусеф Ал Џасми. Креацијата е со долги ракави и ја следи линијата на телото, па совршено ги нагласува нејзините облини.

Сепак, таа не е првата што го носи. 

Во февруари Карди Би ја носеше црвената верзија на фустанот.

Таа креацијата ја носеше со металик салонкки, додека Бијонсе се одлужи за беж сандали со ремчиња.

На која подобро ѝ стои?

Инаку, на годинашното издание на VMA- наградите, Кики Палмер ја носеше идентичната верзија на фустанот како и Бијонсе.

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.540 пати
Тагови: 
стилски двобој