Денешниот стилски двобој е во знакот на провокативноста, сексапилот и смелоста. А кога ќе ги споменете овие три збора, веројатно една од првите асоцијации е Џенифер Лопез.

Овој пат е во стилски двобој со моделот, Ангелот на Викторија, Девон Виндзор.

И двете носат креација на Џулиен Мекдоналд. 

Девон ја носеше на забавата на „Викторијас Сикрет“ по одржаното шоу во Шангај, на 20-ти ноември, додека пак, Џенифер ја одбра за појавувањето на Billboard Latin Music Awards, кон крајот на април годинава.

Моделот одлучи да ја стилизира креацијата со црни салонки, пуштена коса и дискретен накит, додека атерката ја собра косата, одбра црни обетки, клач и сандали.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
454 пати