Младата пејачка Дуа Липа неделава е забележана во Њујорк во впечатлива модна комбинација. Се работи за комбинезон со потпис на модна куќа „Версаче“.

Комбинезонот е комплетно затворен, односно е со долги ракави и ролка во горниот дел, а пејачката го искомбинира со обувки од истиот бренд и во истите бои.

Она што е интересно е што речиси истото парче претходно го носеше Џиџи Хадиди на доделувањето на Американските модни награди во јануари годинава.

Разликата е само во горниот дел, кој кај Џиџи е на преклоп и обувките - моделот се одлучи за црвени чевли со висока потпетица.

Но, со оглед дека комбинацијата на бои и материјалот се нешто што остава впечаток, многумина веднаш ја препознаа сличноста во изгледот на двете млади ѕвезди.

Според вас, на која подобро ѝ стои?

 

фото извор: popsugar.com; dailymail.co.uk;

Објавено:
27 јули 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
662 пати