Хејли Болдвин и Каја Гербер се едни од новите модели што го привлекуваат вниманието на медиумите каде и да се појават. 

Овој пат причината е изборот на ист фустан. Имено, за време на Канскиот филмски фестивал, Хејли се појави во бел фустан од тантела, на брендот Philosophy, 

Го комбинираше со бели салонки и мала кафена чанта со ремен.

Месец дена подоцна, Каја се појавува во истата креација, од колекцијата на брендот за есен 2017 и тоа на Fashion Media Awards, каде беше во придружба на братот Присли.

Таа го искомбинира со сребрени сандали со тенки ремчиња и сребрен накит.

Според вас, на која подобро ѝ стои?

Објавено:
14 септември 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
396 пати