Се чини дека повеќе нема никакви граници кога е облеката во прашање. Ако порано само момците носеа блузони и тоа само за спортски настани, денеска и девојките можат да ги носат истите, дури и за извршување на работни обврски.

Денешниот стилски двобој го посветуваме токму на тоа дека секој може да го носи она во што се чувствува убаво и истовремено да изгледа прекрасно.

Randy Shropshire/Getty Images; Emma McIntyre/Getty Images

Актерката Џејми Ли Кертис се појави во одлично скроен црвен костим на забавата за Халовин во студиото Универзал во Лос Анџелес Калифорнија, додека сега веќе популарниот актер Тимоти Шаламе носеше сличен костим во иста боја на премиерата на „Beautiful Boy“.

Двајцата на совршен начин го носат овој костим и уште еднаш потврдуваат дека облеката нема граници и единствено е важно убаво да се чувствувате во неа.

Костимот во јака црвена боја тие го комбинираа со блуза во посветла нијанса, актерката го надополни со високи потпетици, а Тимоти со бели патики.

Објавено:
22 јануари 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
196 пати