Актерката Џенифер Гарнер минатата недела доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. За таа пригода одбра син фустан од францускиот дизајнер Роланд Муре.

Истиот фустан претходно го носеше Меган Маркл, и тоа ден пред венчавката. Таа го носеше во уште потемна сина нијанса и во комбинација со бели салонки.

Од друга страна, Џенифер го искомбинира со темносини чевли со ремче околу глуждот. 

Освен во чевлите, нивниот изглед се разликуваше и по фризурите - Меган имаше пуштена брановидна коса, додека Џенифер собрана на страна.

Мора да се признае дека двете одлично изгледаат, но ние ве прашуваме вас, чиј стајлинг повеќе ви се допаѓа?

 

фото извор: us.hola.com; purewow.com;

Објавено:
29 август 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
731 пати