Дамите Џенифер Хадсон и Алиша Диксон се во денешниот стилски двобој. А причината е што и двете во краток временски период носеа иста креација.

Се работи за жолт, краток фустан со карнери од модниот бренд „Дискверд Ту“, чија цена изнесува 2.187 долари.

Алиша се појави во него во последната епизода на „Британија има талент“ и го комбинираше со златни салонки, алка и впечатливи обетки во истата нијанса.

Хадсон пак, го носеше пред тоа на забавата на брендот „Tiffany&Co.“, но го комбинираше со дискретни обетки, сребрен скапоцен накит и црни чевли со апликации.

На која подобро ѝ стои и чија комбинација повеќе ви се допаѓа, пишете ни во коментар.

Објавено:
1 јуни 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
189 пати
Извор: 
fashionbombdaily.com