На неодамна одржаните „Оскари“, Џенифер Лопез се најде на листата на најдобро облечените актерки. Таа се појави во таканаречена „стаклена“ креација на Том Форд. 

Се работи за долг фустан со ракави, украсен со скапоцени камења и стакленца.

Но, таа не е првата што го носеше.

На забавата после Мет Галата во мај минатата година, Амал Клуни се појави во истата креација само во темноцрвена боја. Планот бил да го носи на Мет Галата, но таа се предомислила во последен час и ја облекла на забавата потоа. 

 Интересно е што за Оскарите, Том Форд секогаш облекува само една дама. Овој пат, тоа е Џенифер Лопез, а тој се одлучи да ѝ изработи за неа фустан кој некој веќе го носел. Дали во ваквиот чекор се крие некаква порака, не знаеме, но во продолжение ви ги презентираме двете, а вие кажете ни, на која подобро ѝ стои?

 

 

фото извор: people.com; hollywoodreporter.com; 

Објавено:
27 февруари 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
3.440 пати