Денешниот стилски двобој го посветуваме на две атрактивни и популарни дами. 

Џенифер Лопез каде и да се појави го привлекува вниманието со својата појава и модни комбинации, додека пак Џиџи Хадид гордо може да каже дека за кусо време стана една од највлијателните манекенки.

Како и да е, двете одбраа да носат креација на Мајкл Корс, за среќа во различни пригоди.

Џенифер Лопез

Џенифер Лопез одлучи тоа да биде нејзината комбинација во емисијата на Џими Кимел, која ја снимаа минатата недела. Таа то искомбинира со златен ремен, чевли во слична нијанса и впечатливи обетки и алки.

Џиџи Хадид

Џиџи пак, пред неколку месеци во истиот златен комбинезон се појави на доделувањето на CFDA наградите и заблеска во вистинска смисла. Плик чантата во златна нијанса, малите обетки и долгата брановидна коса се нејзините единствени модни додатоци во оваа комбинација.

На која подобро ѝ стои комбинезонот?

Објавено:
12 јануари 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.729 пати