Џенифер Лопез и Кендал Џенер досега неколку пати се нашле во оваа рубрика поради истиот избор на комбинации.

Овој пат, светските медиуми не можеа да не забележат дека и двете дами се појавија во креација на дизајнерот Фаусто Поизи.

Џенифер Лопез го направи тоа пред два дена на забавата на Macy's по повод Денот на независноста на САД, презентирајќи ја својата нова песна „Ni tu, ni yo“.

фото извор: footwearnews.com/REX Shutterstock/fashionpoliceng.com/getty/eonline.com/Robert Kamau/GC Images

Да се носи ваков фустан со два длабоки шлица е храбро, но храброста не ѝ недостасувала на пејачката, особено кога се модните комбинации во прашање.

И додека таа се одлучи за црно-златна варијанта, нејзината модна двојничка Џенер се одлучи за бело-златна варијанта и тоа уште пред две години на црвениот килим на „MuchMusic Video Awards“.

фото извор:fashionbombdaily.com/Pacific Coast News

фото: hollywoodlife.com/Getty

Иако украсувањето на фустаните не е исто, како и бојата, сепак кројот и дизајнерот се исти.

Прашањето е, на која подобро ѝ стои?

Објавено:
6 јули 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
326 пати