Не е тајна дека сиот успех сестрите Хадид ѝ го должат токму на мајка си Јоланда. Од неа очигледно го наследиле и добриот избор, па фактот дека таа си разменува облека со нив воопшто не изненадува.

Неодамна Јоланда се појави во јакна на „Версаче“, со црвени, бели и сини ленти. Ја комбинираше со црна маица и црни фармерки, како и чизми до глужд во истата боја.

Во декември минатата година, Џиџи ја носеше истата и тоа во мошне слична комбинација.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
723 пати