Двете актерки, Џулија Робертс и Дру Баримур, кои се добри пријателки, изгледа имаат и сличен моден вкус. Имено, во релативно краток временски период, и двете се забележани во ист фустан.

Се работи за креација од модната куќа „Валентино“, односно „виножито фустанот“, како што модните инсајдери го препознаваат.

Дру е видена на Менхетен, како го носи со сандали на платформа и чанта исто така во виножито нијанси.

Џулија пак го носеше неколку месеци претходно исто така во Њујорк, но го искомбинира со црни чизми до глужд.

На која подобра ѝ стои?

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
385 пати