Синото женско одело од брендот „Сандро“ е едно од омилените на голем број ѕвезди. Воедно, тоа беше најдоминантното парче што можеше да се види и низ улиците на светските модни метрополи до самиот крај на летната сезона. 

Имајќи го тоа предвид, изборот можеше да биде и поинаков, за овој стилски двобој ги одбравме Џулија Робертс и Кортни Кардашијан.

Актерката го искомбинира оделото со маичка на куси ракави со принт исто така во пастелно сина нијанса и црни сандали со ремче. Косата ја остави пуштена и брановидна.

Кортни од друга страна, одлучи оделото да го носи само со горен дел од бел костим за капење и бели сандали со ремчиња.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

 

фото извор: stuff.co.nz; redcarpet-fashionawards.com; harpersbazaar.com.au;

Објавено:
3 октомври 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
447 пати