Во денешниот стилски двобој се две познати дами, чиј чест избор се креациите на Стела Мекартни. Актерката Ема Стоун и правничката Амал Клуни се обожаватели на британската дизајнерка, а овој пат истиот избор на креација го потврдува тоа.

Имено, во 2017 година, Ема Стоун се појави на црвениот килим на „Оскарите“ во асиметричен комбинезон од свила со потпис на споменатата дизајнерка. Го искомбинира со салонки во иста темносина нијанса. Комбинезонот е интересен и поради тоа што има џебови, како и поради тоа што ногавиците се со строг крој, но широки и со миди должина.

Амал Клуни го носеше годинава, пред два месеца. Таа и нејзиниот сопруг се појавија на гала во Единбург, а Амал блесна токму во комбинезонот. Го комбинира со салонки во истата нијанса, но и со црн кожен ремен, што уште повеќе ја нагласува половината. Чантата е клач и со животински принт, со што внесува динамичност во стајлингот.

Чија комбинација повеќе ви се допаѓа?

На која од нив, подобро ѝ стои комбинезонот?

Објавено:
14 мај 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
899 пати