Денешниот стилски двобој е со две дами со егзотична убавина. Ева Лонгорија и Леона Луис изгледаат прекрасно во креација на Марио Дајс. 

Се работи за сако-фустан, кој две дами сосема различно го искомбинираа.

Ева Лонгорија го носи со транспарентни сандали, со што ја издолжува својата фигура. Косата е лежерно, но елегатно собрана, а накитот дискретен.

Од друга страна, Леона го комбинира со впечатливи чизми, со црно-златни ленти. Косата е уредно средена во опаш, а накитот дискретен. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Leona Lewis (@leonalewis) onNov 1, 2017 at 8:48am PDT

 

Чија комбинација повеќе ви се допаѓа? На која подобро ѝ стои?

Објавено:
5 февруари 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
753 пати