Сè уште се зборува за наградите „Златен глобус“, па и денешниот стилски двобој е токму од таа манифестација.

Модната куќа „Гучи“ имаше чест да облече две познати актерки - Фелисити Џонс и Зое Салдана.

За пригодата двете одбраа розови фустани со панделка, кои сепак не се слични, но доволно впечатливи да се препознае естетиката на Алесандро Микеле.

Мислењата за изгледот на Фелисити беа поделени.

Од друга страна пак, Зое се најде на листата на најдобро облечени.

Што мислите вие?

 

Објавено:
11 јануари 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
188 пати