Денешниот стилски двобој го посветуваме на две популарни манекенки - Бела Хадид и Каја Гербер. Во текот на изминативе три модни недели (четвртата во Париз е во тек), Каја доживеа вистински успех и медиумско внимание.

Во тоа секако помогна и појавувањето на ревијата на „Фенди“. Имено, двете манекенки беа ангажирани на истото модно шоу, а уште поинтересно беше тоа што се појавија во исти панталони.

Бела Хадид

Се работи за парче од брендот „Cheetah Velveteen Flare“, со ѕвонести ногавици до глужд. Бела ги комбинираше панталоните со црна асиметрична маица без ракави и палто со истиот принт од истиот бренд. На тоа додаде златен ремен, бордо kaps во комбинација со обетки.

Каја пак се одлучи за краток топ со натпис „Металика“ и мини чанта.

Каја Гербер

Кога се обувките во прашање и двете одбраа рамни.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
27 септември 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
513 пати
Извор: 
whowhatwear.co.uk