За време на модната недела во Њујорк, магазинот „Харперс Базар“ направи забава, на која присуствуваа голем број познати личности од модната индустрија.

Вниманието на медиумите го привлекоа моделите Карли Клос и Адријана Лима поради мошне сличниот стајлинг. 

И двете одбраа црн фустан со долги ракави и со многу сличен крој. Карли одбра креацијата  да биде од кадифе, додека онаа на Лима беше од ткаенина со металик ефект. 

Клос имаше метален ремен на половината, додека пак, Лима изгледот го надополни со чокер и обетки со скапоцени камења. И двете одбраа сандали за обувки, со што оние на германскиот 25-годишен модел е со тенки ремчиња, а на Бразилката се украсени со скапоцени камења.

Чија комбинација повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
279 пати