На годинашното издание на „Оскар“, на листата на најдобро облечени се најде и моделот Карли Клос. За тие што не се сеќаваат, таа носеше асиметричен долг фустан во бела боја, креација на дизајнерката Стела Мекартни.

Неколку месеци подоцна, кралицата Летиција, која важи за апсолутна модна икона, покажа дека таа креација навистина ѝ се допаѓа. На забавата по повод роденденот на холандскиот крал Вилем Александар, таа се појави во истиот фустан, само во црвена боја.

Како и Карли и кралицата имаше брановидна фризура, она што ги разликуваше беше изборот на модни додатоци.

Моделката се одлучи за масивен чокер и подискретни обетки, додека пак Летиција се одлучи за впечатливи обетки и алка.

Мора да се признае дека и двете изгледаат одлично, но според вас, на која подобро ѝ стои?

 

Објавено:
5 мај 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
397 пати