Актерките Лив Тајлер и Кејт Бланшет одлично се познаваат и дружат, барем по она што можеме да го видиме низ светските медиуми, но делат и сличен моден вкус.

Во иста вечер, но на два различни континента, двете самовили од  „Господар на прстените“ се појавија во фустани со идентичен крој.

Се работи за креации од модната куќа „Валентино“. Оскаровката Кејт Бланшет на промоцијата на новиот филм „Манифесто“ на „Требека филм фестивал“ се појави во плисиран фустан со миди должина, со графички црно-бел принт во комбинација со виолетови парчиња, како и капут во истата нијанса и црни, шпицести салонки. 

Лив Тајлер пак, на гламурозната забава во Лондон на брендот „Омега“ се појави во креација од истата колекција, со идентичен крој, само различна комбинација на бои - розово-црвено, во комбинација со шпицести црвени салонки. 

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
11 мај 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
280 пати