Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл се во денешниот стилски двобој.

Причината е истата креација од дизајнерката Дајан фон Фурстенберг.

Имено, завчера во Кенсингтон палатата се одржа хуманитарна забава, а Мидлтон, која е бремена со третото дете и треба да се породи во април следната година, се појави во оваа свечена креација, со тантела. 

Сепак, ова не е првпат да ја носи. Во 2014 година, додека беше бремена со принцезата Шарлот, ја носеше истата креација, при што доби бројни комплименти.

За разлика од тогаш, овој пат Војвотката ја пушти косата брановидно, и го надполни стајлингот со црна клач чанта и скапоцен накит.

Но, Меган ја носеше прва. Во февруари 2012-тата година, актерката се појави на настанот организиран од USA Network во истата креација, само во куса варијанта. И реазликата е што Меган се одлучи за тегет, кого го искомбинира со беж чевли, а Кејт за црна нијанса.

Фризурите им се речиси идентични, а ние ве прашуваме, на која подобро ѝ стои?

 

Објавено:
9 ноември 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.602 пати