Освен за идентичниот роденденски изглед на Кендал и Парис Хилтон, изминатава недела се зборуваше и за истиот моден избор на Војвотката од Кембриџ и повторно Парис Хилтон. 

За многумина беше изненадување што на двете им се допаднала иста креација од брендот Self-Portrait. 

Кејт минатиот четврток се појави во белиот фустан на една филмска премиера во Лондон. Го комбинираше со дискретен накит и бордо модни додатоци.

Парис пак, една недела пред тоа беше облечена идентично на amfAR gala забавата во Лос Анџелес. Разликата е во комбинирањето на модните додатоци. Парис одлучи да ја собере косата и да стави повпечатлив накит, а кога се обувките во прашање, се одлучи за бели салонки.

Која изгледа подобро?

Објавено:
16 ноември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.060 пати