Кејт Мидлтон повторно го облече нејзиниот најпопуларен фустан

13 ноември 2018

Веќе е познато дека на Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, не ѝ претставува никаков проблем да облече некое парче облека кое веќе го носела.

Со тоа уште повеќе со доближува до обичниот народ, кој ова го поздравува. Дури и модните критичари се согласуваат дека е ова е ок чекор. Имено, постои „правило“ кое вели дека во ред е да се појавите во едно исто парче до три пати.

Дали Кејт се води по ова, или едноставно сака да покаже дека е иста како и сите други жени, не знаеме, но уште еднаш ја видовме во позната креација. Неодамна се појави во фустан од Џени Пакам, кој претходно го носеше во 2012 година.

2012

Тиркизната креација со елементи од тантела и украсен ремен беше една од најпопуларните и омилени на голем број девојки ширум светот, а доживеа многу реплики.

Кејт остана доследна дури и на модните додатоци, единствена разлика забележуваме во фризурата, која овој пат е пуштена.

2018

Разлика не се забележува ниту во фигурата на Кејт, но сепак, кое издание на Војвотката повеќе ви се допаѓа?

 

Објавено:
13 ноември 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.003 пати