Кејти Холмс и Емили Блант се двете актерки кои ги споивме во денешниот стилски двобој. Причината е тоа што неодамна и двете се видени во исто модно парче.

Се работи за бел краток џемпер од брендот „Зимерман“, со пуфнасти ракави и точки. 

Кејти Холмс го комбинира во лежерен стајлинг, со класични фармерки и црни обувки. Комбинацијата ја заокружува со црна голема чанта и очила за сонце.

Од друга страна, Блант го спои ова парче со широки зелени панталони, кои во долниот дел на ногавиците имаат украсни бисерни копчиња, чевлите се портокалови.

 

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Инаку, цената на џемперот изнесува 850 долари.

 

 

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
188 пати