Актерките Кели Рипа и Ема Стоун се дел од денешниот стилски двобој, а причината е што и двете се појавија во јавност во фустан од модниот бренд „Гучи“.

Кели се појави вака дотерана во емисијата „Late Night with Seth Meyers“, каде гостуваше минатиот месец. Фустанот го комбинираше со сандали од истиот бренд.

фото извор: gofugyourself.com

фото извор: nymag.com

Ема Стоун пак, го носеше уште минатата година на годишните „StyleMakers Awards“, кои се одржаа во ноември 2016 година. Таа пак се одлучи за розови сандали на ремчиња.

фото извор: hellogiggles.com

фото извор: gofugyourself.com

Кога е фризурата во прашање, и двете имаат пуштена, брановидна коса и кај двете во стајлингот (барем на фотографиите) изостанува чантата.

Но, без разлика на тоа, на која подобро ѝ стои фустанот?

Објавено:
23 август 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
168 пати