Во денешниот стилски двобој се два популарни модела, што вечерва ќе бидат дел од модното шоу на брендот „Викторијас Сикрет“ – Кендал Џенер и Бела Хадид.

И двете се забележани како носат краток топ од тантела од дизајнерката Енин Бинг, кој чини 99 долари.

Кендал во мај месец беше забележана на аеродромот „Хитроу“ во Лондон, токму во овој топ, што го комбинираше со бела маичка, скинат џинс и палто со животински принт. На тоа додаде и „авијатичарки“ и чизми до глужд.

Шест месеци подоцна, Бела Хадид е забележана со истото парче, но во нешто попровокативно издание. Таа го комбинираше со градник од тантела, црни тесни фармерки и чанта со синџири.  На тоа додаде чокер украсен со нејзиното име и сандали со ременчиња.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
30 ноември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
862 пати