Познато е дека едноделните костими за капење се апсолутен хит и ова лето, а доказ за тоа се и познатите личности.

Овој стилски двобој го посветуваме на модел кој речиси и да нема ѕвезда што не го поседува.

Чини 99 долари онлајн, а наречен е „So Chic“. Предниот дел е отворен и со интересна форма на деколте, а во задниот дел има две прерамки.

Го има во повеќе бои, а ние во овој стилски двобој ги издвоивме Каја Гербер и Кендал Џенер, кои ја имаат црвената, односно црната варијанта на моделот и тоа уште од пред година дена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kaia (@kaiagerber) onDec 28, 2017 at 9:52am PST

 

На која подобро ѝ стои?

 

Објавено:
16 јули 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
639 пати