Нема кој светски медиум изминатава седмица не зборуваше за роденденскиот изглед на моделот Кендал Џенер. Таа го прослави 21-от роденден во речиси идентична креација во која и Парис Хилтон го прослави нејзиниот во 2002 година.

За изгледот на Џенер се погрижи нејзината долгогодишна стилистка, Моника Роуз. Се работи за фустан изработен по мерка со Сваровски кристали, чија цена изнесува 9.000 долари и потребни се седум дена за да се изработи.

Разликата помеѓу фустаните може да се види само во нијансата. Парис беше познато по стајлинзите во розова боја, па затоа и овој фустан „влече“ таква нијанса.

Чокер исто така со кристали, розова чанта и сандали во истата нијанса беа модните додатоци на Хилтон. 

Џенер пак, се одлучи за сандали на висока потпетица, чокер од дијаманти, клач чанта и крзно.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
9 ноември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
947 пати