Крзненото палто - „срце“ од модната куќа „Сен Лоран“ од колекцијата за есен 2016, кое чини 15.000 долари е едно од највпечатливите и изгледа, најпопуларни.

Пејачката Ријана се појави во палтото и кратки тексасни панталончиња со црни сандали и капчи низ улиците на Њујорк минатиот месец. 

Непосредно после неа, и Кендал Џенер се пофали на својот Инстаграм профил како ужива во ова парче, кое го искомбинира со „искинат“ џинс и очила за сонце.

Но, ова палто беше видено и на Ана Дел Русо за време на модната недела во Париз, како и неколку блогерки.

Ана Дело Русо

Ерика Пелосини

Сепак, нашата споредба е помеѓу познатите бринети.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
20 октомври 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
953 пати