Актерките Кери Вашингтон и Лиса Рино се во стилски двобој, бидејќи и двете носат идентичен костум со цветен принт.

Креацијата ја потпишува Роберто Кавали, а Кери беше првата која се појави во неа.

Во октомври минатата година, оваа комбинација беше нејзиниот избор за црвениот килим на „GLSEN Respect Awards“ одржани во Лос Анџелес.

Рина пак беше забележана во костумот кон почетокот на април, на четвртото издание на „Annual  Fashion Los Angeles Awards“ што се одржуваат во Беверли Хилс.

Кери го комбинираше со црвена чанта и дискретни обетки и алка, додека Рина нема никаков накит, а црни сандали се нејзиниот избор на обувки.

На која подобро ѝ стои костумот?

Објавено:
30 април 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
243 пати