Актерката Кирстен Данст минатиот викенд во Париз на една забава се појави во фустан на Кристијан Лакроа, истиот што го носеше на Оскарите во 2004 година.

Тогаш имаше куса коса и го комбинирашњ со црвени салонки и неколку ѓердани со кристали.

Сега пак, со подолга коса и со сличен избор на ѓердан, Данст направи сепак една пософистицирана комбинација – со црн блејзер и црни чевли со ремче околу глуждот.

Без разлика што поминаа дури 13 години, актерката изгледа одлично и не е никакво изненадување што сè уште може да го носи.

Кое издание на Данст ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
25 јануари 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.388 пати