Откако се појави на ревијата на Долче и Габана, внуката на Лејди Ди стана мета на светските медиуми. Веднаш почна да се зборува за нејзиниот стил, изглед и модно влијание.

Но, она што уште повеќе ги заинтересира модните медиуми е што таа и Меланија Трамп се појавија во идентична креација во ист ден.

Се работи за црн капут со златни детали од брендот „Долче и Габана“. Меланија го носеше на средбата со австралискиот премиер, кој беше угостен во Белата куќа.

Кити пак, истиот ден се појави во капутот во рамки на модната недела во Милано.

Сепак, нивните комбинации се драстично различни.

Меланија го усогласи со златни салонки, додека Кити со кожени црни панталони, црни обувки и бела ролка.

Познато е дека стилистот на Меланија, Ерв Пјер истакнува како секогаш внимава првата дама да не носи исти парчиња со никој друг. Со оглед на тоа дека се појавија во исто парче во ист ден, може да се рече дека е случајност.

Но, кон почетокот на месецот, Кити го носеше овој капут при излегување со својата роднина принцезата Беатриче, па во тој поглед, предноста оди кај неа.

Кога се работи пак, за комбинациите, ве прашуваме, чија повеќе ви се допаѓа?

 

 

фото извор: dailymail.co.uk, tportal.hr;

Објавено:
27 февруари 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.842 пати