Денешниот стилски двобој е помеѓу сестрите Клое Кардашијан и Кајли Џенер. Имено, двете се забележани во ист костим за капење.

Се работи за модел кој блогерката Даниел Бернштајн (We Wore What) го создаде во соработка со Oniа. Основата е бела, а шарите потсетуваат на животински принт. Она што го прави уште повпечатлив е што има ремен околу половината со тока.

Кајли уште во јануари сподели фотографија од егзотично место токму во овој костим за капење, додека нејзината сестра Клое се пофали кон крајот на претходниот месец.

Објавено:
6 јуни 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
511 пати