Во денешниот стилски двобој се сестрите Кајли Џенер и Кортни Кардашијан. Тоа што ќе ги видиме во слично издание и не е некое изненадување, бидејќи сите Кардашијанс и Џенер си менуваат облека меѓусебе.

Овој пат се работи за креација на модната куќа „Балман“.

Кајли Џенер се појави во Лос Анџелес на настан што го организираше магазинот „Marie Claire“ во виолетова креација со карнери.

Неколку месеци пред тоа, во Њујорк, Кортни носеше слична, црна верзија на фустанот.

Кајли го дополни стајлингот со дискретни обетки и шминка и пуштена коса. Кортни пак, одбра ѓердан во комбинација со прстен и алки, а шминката и косата се слични.

На која подобро ѝ стои оваа креација од „Балман“?

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.291 пати