Моделот Криси Тиген и ќерката на Доналд Трамп, Иванка, се забележани во ист фустан. 

Откако минатата недела Криси, која е бремена со второто дете, се појави на роденденската прослава на нејзината мајка во кимоно-фустан од брендот Johanna Ortiz, медиумите веднаш се сетија дека претходно истиот го носеше ќерката на претседателот.

Таа минатиот месец имаше средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе, каде се појави токму во овој фустан.

Иванка го стилизираше со црни салонки, додека Криси се одлучи за чизми и црн капут одозгора. Цената на фустанот е 2000 долари.

На која подобро ѝ стои?

 

Објавено:
21 декември 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
494 пати