Денешниот стилски двобој го посветуваме на две познати пејачки, кои минатиот месец беа забележани во иста комбинација.

Се работи за Кристина Милиан и Џенифер Лопез.

Кристина Милиан

Милиан минатиот месец беше видена во портокалови панталони и топ од House of CB, кој чини 195 долари, а го комбинираше со црно-златни алки, прстен и чокер.

Неколку дена пред неа, Џенифер Лопез се појави во истата креација, со која го најави нејзиното шоу „All I have“ во Лас Вегас, со златни обетки во комбинација.

Џенифер Лопез

Чие издание повеќе ви се допаѓа?

 

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
313 пати