„Греми наградите“ и БАФТА наградите се одржаа викендов во исто време. Иако на различни настани, Мајли Сајрус и Ирина Шајк имаа мошне слични стајлинзи.

Сајрус на „Греми“ се појави во црно одело, што не е многу својствено за неа. Се работи за костум со волуменозни ракави, од модната куќа „Маглер“, што потсетува на естетиката од 80-тите. Истиот го искомбинира со впечатливи чевли, на кои потпетиците всушност беа нејзините инцијали.

Од друга страна пак, на БАФТА, Ирина се појави исто така црно одело, но со строг крој, креација од модната куќа „Барбери“. Го искомбинира со сандали со рачно навезени кристали. 

 

 

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.002 пати