На неодамнешната премиера на последната сезона на „Игра на престолот“ во Њујорк, се појави и актерката Аманда Пит. На црвениот килим таа зачекори во креација на Каролина Ерера. Се работи за долг син фустан, со дискретен принт. Половината е истакната со ластик, додека лелеавоста на материјалот при движењето го прави совршен за актуелната сезона.

Но, Пит не е единствената што досега го носела. Претходно истата креација можевме да ја видиме и на Меган Маркл. Војвотката од Сасекс го носеше овој фустан уште во февруари, за време на посетата во Мароко. Со оглед на тоа дека е бремена, моделот беше приспособен, па ластикот околу половината го немаше, но на сметка на тоа, ракавите и здолништето се пораскошни.

Едната го одбра фустанот за вечерно појавување, а другата за дневно. На која подобро ѝ стои?

Објавено:
8 април 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
536 пати