Рекациите од кралската венчавка на принцот Хари и актерката Меган Маркл не стивнуваат. Она што сега се става во фокусот, се споредбите помеѓу Кејт Мидлтон и новиот член на семејството, Меган Маркл.

Двете одбраа сосема различен стил на венчаници.

Онаа на Кејт ја потпишува модната куќа „Александар Меквин“, чија вредност изнесуваше околу 430 илјади долари. Венчаницата на Мидлтон беше во горниот дел изработена од тантела и корсет. Ракавите исто така беа од тантела, а во предниот дел имаше умерен V-израз. Широкото здолниште заврши со „опашка“ долга 3 метри. Долниот дел од здолништето содржи апликации од тантела, а велот е долг речиси колку и фустанот.

Венчаницата на Меган Маркл пак, ја потпишува модната куќа „Живанши“, а нејзината вредност се проценува од 375-400 илјади долари. Актерката се одлучи за минимализам, па на фустанот со долги ракави и т.н. грчко деколте, не содржи никакви украси или апликации. „Опашката“ на фустанот е долга околу пет метри, а приближно толку и велот.

Која ви се допаѓа повеќе?

 

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
3.203 пати