Неодамна, актерката Мелани Грифит и Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон носеа ист фустан, само во различна боја.

Се работи за креација на Барбара Касасола, инаку една од омилените дизајнерки на Мидлтон. Со откриени раменици, и плисирано здолниште што се шири, ова парче е олицетворение на дел од најголемите актуелни трендови.

Кејт Мидлотн (34) го носеше фустанот на почетокот на јули, во Природниот музеј во Лондон на доделување на наградите на годината, додека Мелани Грифит (58) го носеше неодамна на забавата на „Халмарк“ каналот во Лос Анџелес, а го комбинираше со Шанел чанта и црни чевли.

Кога се модните додатоци во прашање, Кејт се одлучи за розови чевли и клач чанта.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
10 август 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
980 пати