Оделата веќе одамна се дел од женската гардероба. Од деловна комбинација, сè повеќе зема замав за други пригоди, а жените во машки одела се доживуваат како исклучително секси.

Поим за сексапил се и дамите во денешниот моден двобој. И Блејкл Лајвли и Меланија Трамп се жени кои не стравуваат модно да експериментираат, па честопати се на листите на најдобро облечените жени.

Токму тие две посегнаа по исто парче,  се работи за карирано сиво одело, со дворедно закопчување, од модната куќа „Ралф Лорен“.

Ралф Лорен, пролет 2017

Блејк Лајвли неодамна го комбинираше со класична бела кошула и вратоврска, а кога се обувките во прашање, се одлучи за лакирани чизми мартинки.

Меланија Трамп пак, прва го облече ова одело од пролетната колкеција на брендот за 2018 година, минатиот месец, за време на говорот на Доналд Трамп во Обединатите нации.

Првата дама на Сад го носеше во малку полежерна варијанта, со црна кошула не толку строго закопчана.

Инаку, Меланија минатата недела исто така се појави во машко одело, и тоа при приемот на премиерот на Канада, Џастин Трудо и неговата сопруга Софи. За таа пригода, таа одбра едноредно одело од истата колекција, кое го комбинираше со кошула со висока јака.

 На која подобро ѝ стои?

Објавено:
18 октомври 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.031 пати