Денешниот стилски двобој го посветуваме на две згодни дами - Меланија Трамп и Хајди Клум. И двете носат креација на францускиот дизајнер Роланд Муре, кој чини 2.645 долари.

Меланија се појави во оваа креација во понеделникот на претседателската дебата. Таа го комбинираше со црна клач чанта и црни салонки, а изгледот го надополни со дискретен ѓердан.

Истиов фустан Клум го носеше во јули годинава, на гостувањето во утринската програма „Good morning America“. Моделот одлучи со него да носи пинк сандали и округли обетки во слична нијанса и жолта чанта.

Чие издание повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
28 септември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.384 пати