Посетата на шпанскиот крал Филип и кралицата Летиција во САД, привлече големо внимание кај сите медиуми. Сепак, фокусот на оние што ја третираат модата беше токму стилот на две дами што речиси и да немаат модно промашување.

На првата средба со Трампови, кралицата Летиција (45) се појави во тесно фустанче со потпис на Мајкл Корс, со копчиња во долниот дел и во розова боја.

Оние што го следат стилот на Меланија (48), веднаш ја препознаа креацијата, која првата дама на САД веќе го носеше, само во сина варијанта.

Освен бојата, разликата беше и во тоа што, Летиција го стилизираше со тенок сребрен ремен. 

На средбата Меланија носеше креација на „Валентино“, но она што е интересно е што и двете имаа исти чевли, секако во различни бои, според своите потреби.

На која подобро ѝ стои фустанот?

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
374 пати