Во фокусот на денешниот стилски двобој се две дами за кои е познато дека се љубителки на модата и честопати се на листата на најдобро облечени жени - Мишел Вилијамс и Блејк Лајвли.

И на двете им се допадна креација од дизајнерката Дајан фон Фурстенберг. Се работи за фустан на преклоп од Ресорт колекцијата, чија цена изнесува околу 500 евра.

Мишел овој колорблок фустан го носеше неодамна, при официјална посета на Хаваи. Едноставна и елегантна, Мишел повторно ги освои сите симпатии. Креацијата ја комплетираше со рамни сандали и дискретни обетки во комбинација со неколку алки и собрана коса.

Блејк пак, го носеше претходо во јули месец, додека сè уште беше бремена. Таа осмисли сосема нов начин да ја носи креацијата. Актерката го искористи фустанот како наметка или елек, комбинирајќи го со друг син и светкав фустан од истата дизајнерка.

Изгледот го дополни со светкави чевли на потпетица.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
4 јануари 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.297 пати