Моделот Наоми Кембел и актерката и пејачка Џенифер Хадсон се двете дами чии комбинации ќе ги споредуваме денеска. И двете се забележани во иста креација на Брендон Максвел, само во различна боја.

Џенифер Хадсон

Хадсон неодамна беше гостинка во шоуто на Стивен Колберт и за таа пригода го одбра овој коктел фустан во црна варијанта. Го комбинираше со соодветна наметка, сребрени сандали и дискретни обетки.

Наоми Кембел

Наоми пак, сива варијанта на креацијата ја носеше на ланското издание на музичките видео награди на „Ем-Ти-Ви“. Таа пак, чевли со златен сјај и дискретни алки и прстени.

Инаку, цената на фустанот изнесува 3.195 долари.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
20 април 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
211 пати