На неодамна одржаната забава на модната куќа Луј Витон во Париз, присуствуваше и Наоми Кембел. Таа се појави во необична и впечатлива креација на дизајнерката Ајрис ван Харпен. 

Се работи за фустан со футуристички дизајн, со сребрен сјај. Но, истиот го видовме претходно на Кара Делевињ. 

Моделот и актерката ја носеше споменатата креација минатото лето на премиерата на филмот „Валеријан“.

За разлика од Наоми, која фустанот го комбинираше со кожен балонер во црна боја и потпетици кои изгледаат како хулахопки, Кара истиот го носеше со сребрени сандали со ременчњ и кратка фризура со бранови.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
6 јули 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
214 пати