На годинашното издание на Венецискиот филмски фестивал беше присутна и Лејди Кити Спенсер. Внуката на Лејди Ди е една од омилените девојки на дизајнерите, а на црвениот килим се појави во долг црн фустан.

Креацијата ја истакнува нејзината линија, а малите карнери од кои фустанот е сочинет, го прават интересен. Се работи за дизајн на Ермано Скервино, но многумина ги потсети на розовиот фустан во кој Наоми Вотс минатата година блесна на црвениот килим на истиот фестивал.

Фустанот што го носеше актерката беше на модната куќа „Армани“ а “карнерите“ беа асиметрично поставени, што ја направи едноставната линија на фустанот многу повпечатлива.

Чиј изглед повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
190 пати