Неодамна се одржаа годинешните 26-ти по ред ЕМА награди, на кои домаќин беше дизајнерката Никол Ричи. Таа се појави во металик фустан со потпис на Емануел Унгаро, од неговата колекција за есен 2016 година.

Но, пред Никол, истата креација ја носеше и младата актерка Софија Блек Д’Елија, која веројатно ја паметите од серијата „Озборувачка“. Поводот беше премиера на остварувањето „Бен Хур“, каде ја има една од забележителните ликови.

Со оглед дека креацијата сама по себе е прилично впечатлива, и двете не експериментирале со модните додатоци и се одлучиле за едноставност.

Емануел Унгаро, есен 2016

Чие издание повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
26 октомври 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
199 пати